речник контакт

Монструм, инцест, или невино обвинет татко??

Полицијата го обвини за родосквернување, тој вели дека е невин, децата објаснуваат тато си замина од дома, соседите дека е одличеn човек... Велешани во шок, живее ли во градот македонскиот Фрицл???

Петар Печков

  Велешката полиција поднесе кривична пријава против Н.Н.  стар 41 година за кривично дело ,,родосквернавење,, извршено врз неговите три малолетни ќерки на возраст од 3, 5 и 7 години и едно кривично дело,, телесна повреда,, сторено над неговата сопруга.

Полицијата не прецизираше како го открила монструозниот чин, само објасни дека постапила по добиени оперативни сознанија и дека случајот го разјаснила и документирала. Ваквото сериозно обвинение таа го темели  врз изјава на ќерките. Тие при прегледот на Гинеколошкото одделение од Општата Болница било констатирано дека сите три девојчиња се дефлорирани.

Од извршените разговори со девојчињата,  полицијата дознала дека осомничениот со примена на сила, честопати го извршувал грозоморниот чин, подолг период наназад, во време кога мајката не била присутна дома. Сопругата пак изјавила дека од почетокот на заедничкото живеење, сопругот физички и психички ја малтретирал. Покрај физичките, кај девојчињата биле препознатливи и длабоки психички трауми од преживеаното.

Поради чувствителноста на случајот и заштита на децата, полицијата не изнесе повеќе детали за силувањето на таткото врз сопствените ќерки. За децата натаму ќе се грижи сопругата како и службите на Центарот за социјални случаи. Од полицијата немаа одговор како е можно сопругата да не знаела за однесувањето на таткото врз децата. Сопружниците освен трите ќерки имале уште една најмала која е на возраст од една година, тие биле невработени а осомничениот досега не е пријавуван во СВР Велес за било какви дела.  Тој при разговорот во полицијата тврдел дека е невин.

Соседите се изненадени дека Н.Н. е осомничен за силување на сопствените ќерки, бидејќи тие имаат само пофални зборови за него.

 Не,  не може .... да го сторил тоа, тој беше мирен повлечен сосед. Постојано беше со децата ги шеташе ќерките. Не беше ни алкохоличар, ниту наркоман, немаше некакво девијантно однесување. Не ми се верува дека тој е осомничен за вакво дело. Не беше голем муабетчија, само ќе минеше каде што оди и толку – велат соседите. Осомничениот кога стапил во брак со сопругата, наишле на недоразбирања со неговото семејство бидејќи сопругата претходно била во брак, па биле приморани да заминати живееле во Скопје неколку години.

По четири години се вратиле во Велес и живееле кај мајката од сопругата. Таа беше дома при посетата на домот и не сакаше да говори за случајот, како и нејзината мајка. Пред вратата си играа девојчињата  заедно со соседските а на прашањето каде живее .... таа одговори дека тој се спакувал и мајка му го избркала од дома.

Во невините детски очи можеше да се прочита страшната судбина која ја доживеала а дебелите подочници зборуваа за непроспаното деноноќие кое заедно со сестрите кое го имале. Одби да разговара и мајката на осомничениот, која веднаш за затвори вратата од станот. Нивните соседи велат дека .... со децата често доаѓал кај мајка му и тука бил пред некој ден, заедно со трите ќерки.

Под станот во кој  живееле и растел  осомничениот се додека не се оженил, живееше велешанец кој пред некоја година доби 13 години затвор за педофилија врз две девојчиња. Соседите веат дека зградата им е проколната поради овие два случаи. Од Детската амбасада Меѓаши велат  дека децата не треба да бидат вратени во семејството затоа што во вакви случаи под притисок на најблиските како и недоволно разбирање за состојбата во која се нашле, многу често тие ги менуваат изјавите. Затоа бараме децата да бидат згрижени во згрижувачко семејство.

Велешани се згрозени од информацијата дека во градот се случи инцест, сексуално насилство врз сопствените ќерки, настан кој не се помни во земјава. Социолозите  велат ова е пример дека во околина се кријат секакви девијантни појави, кои се граничат со монструозност а инцестот и канибализмот остана уште како табу, забранети теми.

Овој настан како ретко кога го вознемири градот, неговите жители, но тој укажува дека монструмите се меѓу нас, живеат со нас. Тие не се обележани, гетоизирани и да припаѓаат на некој друг свет, напротив тие ни се соседи, пријатели  кои  не можеме да ги тргнеме да живеат  на друга планета. Институциите на системот во 21 век, мора да имаат начин како овие работи да ги откријат навремено и да ги превенираат. Затоа се Центрите за социјални грижи, училиштата, невладините здруженија. Верувајте инцестот ќе биде присутен, не дека јас го одобрувам и оправдувам, туку на овој  степен на цивилизација треба  да се открие што порано,  преку образовните институции. Можеби повлеченоста на осомничениот, неговата скромност укажува дека имал трауми во детството и дека со него нешто се случувало. Верувам дека девојчињата имаат своја иднина, не дека ќе се ослободат од траумата, туку дека преку психотерапевти ќе бидат оспособени за живот – изјави Маја Хеско, дипл. социолог.

Посочувањата на соседите дека тој постојано бил со децата и не се одделувал според Хеско зборува и за потенцијалниот страв на таткото дека девојчињата можат некаде да прозборат за стравотите што им се случуваат, па така не ги испуштал од рака. Таа не верува дека е можно мајката да на знаела за силувањето на сопствените ќерки, бидејќи децата морале преку некој гест или начин тој страшен чин да го појават во животот.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »